Аруба е Холандски остров во кој се збори Холандски, Папиаменто, Англиски и Шпански јазик. Аруба има фасцинантна и уникатна култура, ова место нуди толку многу, особено преубавите плажи и елегантните фламинга.
Како и многу други острови на Карибите, Аруба има неверојатна убавина која што ја посетуваат луѓе од целиот свет. Со бели плажи, тиркизна вода и убаво време во текот на целата година, овој прекрасен остров вреди да се посети.
Главниот град, Орањестад, има богата историја која датира од 18 век како и интересна модерна кулутра. Секој вторник се одржува Фестивалот Bon Bini каде Ве очекува луда забава во една од најдобрите дестинации за ноќен живот.
Аруба располага со голем број на плажи каде можете да пливате, нуркате, сурфате или само да се сончатеи уживате во прекрасниот поглед на Карибите.
Познатата плажа Eagle Beach дури е избрана во “Топ 10 Најдобри Плажи во Светот” од страна на Travel + Leisure магазин.
http://travelstory.mk/index.php/mk/blog/156-aruba#sigProId0bc226ca63