ИНДОНЕЗИЈА

 

Најпосетен е островот на Бали, тука ќе најдете активности од најразните, прекрасни плажи и бујната џунгла Убуд.

Најдобро време да се посети Индонезија е во текот на “сувата“ сезона која трае од Мај до Септември. Тогаш е најтопло и речиси да нема врнежи низ цела сезона. Одлично време за нуркање, пешачење и сончање.

“Влажната“ сезона во Индонезија трае од Октомври до Април. За време на оваа сезона можете да искусите бујни тропски врнежи речиси секој ден, но кои не траат повеќе од еден или два часови на ден. Ако не Ви пречи малку дожд за време на оваа сезона можете да најдете многу пониски цени на авио карти и хотелско сместување.